• недела, 22 декември 2024

Амбасадорот на Полска Кшиштоф Гжелич ја посети битолската библиотека

Амбасадорот на Полска Кшиштоф Гжелич ја посети битолската библиотека

Битола, 20 февруари 2024 (МИА) - Амбасадорот на Република Полска Кшиштоф Гжелич ја посети НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со Бојан Стефановски, директор на библиотеката.

Во рамки на посетата, амабасадорот Гжелич го промовира проектот „Полска полица – книги од полски автори на полиците од македонските библиотеки“ и донираше над 50 наслови од класичната и од современата литература, дела од полски автори преведени на македонски јазик.

-На средбата меѓу Стефановски и Гжелич се разговараше за реализирање на активности, кои ќе следат во наредниот период, а на 27 февруари неколку библиотекари ќе учествуваат на семинарот за полска литература во Скопје на кој ќе бидат разгледани и други прашања поврзани со промоција и маркетинг во библиотеките, информираа од националната установа.

Во знак на почит директорот Бојан Стефановски на амбасадорот Гжелчик му врачи Благодарница и подарок со рачна изработка од здружението македонски ракотворби – Битола. мт/дма/

Фото: НУУБ

Остани поврзан