• недела, 22 декември 2024

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2024 година, одбиени 47 амандмани

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2024 година, одбиени 47 амандмани

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница разгледа вкупно 47 амандмани за Предлог-буџетот за 2024 година поднесени од опозициските партии, најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ, и сите ги одби. Седницата продолжува утре во 11:00 часот.

За Предлог-буџетот се поднесени вкупно 272 амандмани од овластени предлагачи, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Вкупните приходи во 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и истите се за 10 отсто повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за околу 5,8 проценти повисоки во однос на 2023 година.  Вкупните расходи се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или се за 5,8 отсто повисоки во однос на 2023 година.

За плати проектирани се 41,2 милијарди денари, за стоки и услуги планирани е износ од 25,3 милијарди денари, за тековни трансфери и субвенции 215,3 милијарди денари. За социјални трансфери проектирани се 161,1 милијарди денари, од кои за исплата на пензии 83,6 милијарди денари, за надоместоци за социјална заштита на најранливите слоеви на населението околу 13,2 милијарди денари. Растот на економијата е проектиран на ниво од 3,4 отсто, а инфлацијата на ниво до 3,6 отсто. вј/нд/ 

Фото: Принтскрин

Остани поврзан