• вторник, 22 октомври 2024

Ал-Хилал го совлада Ал-Аин, Нејмар за прв пат беше на теренот по повредата

Ал-Хилал го совлада Ал-Аин, Нејмар за прв пат беше на теренот по повредата

Ал Аин, 22 октомври 2024 (МИА) - Ал-Хилал вчеравечер го победи Ал-Аин (Обединети Арапски Емирати) на гостински терен во натпреварот од 3. коло на азиската Лига на шампиони со 5:4. Клубот од Саудиска Арабија играше со фудбалер помалку од 82. минута.

Хет-трик за гостите на оваа средба постигна Салем Ал-Досари, а по еден гол постигнаа и Ренан Лоди и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Домаќините постигнаа голови преку Матео Санабрија и Суфјан Рахими кој постигна два гола од игра и еден од пенал.

Напаѓачот на Ал Хилал, Нејмар, за прв пат по една година влезе на теренот. Во 77. минута 32-годишниот Бразилец влезе на местото на Ал-Досари. Фудбалерот не учествуваше на натпреварите по повредата на коленото, која ја доби во октомври 2023 година на натпреварот за бразилската репрезентација против Уругвај (0:2) на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026 година.

Ал-Хилал има 9 бода и е лидер во поредокот на Западна дивизија, Ал Аин со еден бод е претпоследен (11. место). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан