• недела, 18 јануари 2026

Алкараз ја мина првата пречка на Австралија опен

Алкараз ја мина првата пречка на Австралија опен

Мелбурн, 18.јануари 2026 (МИА) – Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз со победа од 3:0 во сетови против Адам Волтон (Австралија) го стартуваше настапот на Австралија опен. Шпанскиот тенисер единствено во вториот сет имаше проблеми со домашниот тенисер кога сетот го доби во тај брејк, а Волтон имаше брејк предност, но Алкараз веднаш го врати загубениот гем на свој сервис.

Од фаворитите пласман во следната рунда изборија Александар Зверев и Александар Бублик. 

Утре на терените на Мелбурн парк ќе се појави и Новак Ѓоковиќ повеќекратен победник на Австралија опен.     мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан