Алкараз: Тоа што Синер не игра во Индијан Велс, не менува ништо
- Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на отсуството на Јаник Синер од турнирот во Индијан Велс.

Индијан Велс, 5 март 2025 (МИА) – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на отсуството на Јаник Синер од турнирот во Индијан Велс.
Италијанецот е суспендиран на три месеци поради прекршување на антидопинг правилата.
- Тоа не менува ништо. Јаник не игра, но многу од најдобрите светски играчи играат. Нема јасен фаворит, многумина приажуваат одличен тенис. Мојот пристап кон турнирот воопшто не е променет. Фокусиран сум на себе и сакам да играм добар тенис“, изјави Алкараз на прес-конференција во Индијан Велс.
Алкараз кој е втор носител на турнирот што почнува денес, во првото коло ќе биде слободен. зс/
Фото: ЕПА