• вторник, 24 септември 2024

Алкантара ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда

Алкантара ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда

Ливерпул, 3 мај 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Тиаго Алкантара повеќе нема да му помага на тимот оваа сезона. Според новинарот Пол Џојс, 32-годишниот Шпанец нема да може да игра поради повреда на бутен мускул.

 

Играчот ќе биде изложен на мал оперативен зафат. Шпанецот одигра само 96 минути откако се врати на почетокот на април по два месеци отсуство.

 

Оваа сезона Алкантара одигра 28 натпревари во сите натпреварувања и имаше една асистенција. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан