• петок, 22 ноември 2024

Али Ахмети од Пласница: Зелената агенда е живот, да успееме со бел образ

Али Ахмети од Пласница: Зелената агенда е живот, да успееме со бел образ
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети вечерва пред жителите на Пласница, претставувајќи го кандидатот за градоначалник Алија Јаоски и листата на советници, истакна дека изборната платформа на неговата партија се базира на Зелената агенда која гарантира подобар квалитет на животот за сите граѓани на Пласница. - На оваа 20-годишнина, Охридскиот договор ги стави сите заедници на еднаква основа, воведе мир во оваа земја. Постигнато е сите граѓани да бидат господари во своето тло. Оваа поддршка, која доаѓа речиси две децении, е резултат на фер проценка на Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, затоа што ве поканивме сите да живееме достоинствено и еднакво. Секое мое дело го направив со голема одговорност. Се обидов да бидам реален, работев со цело срце и со ладна глава. Никој не веруваше дека во оваа земја ќе се постигне заедниците да се разбираат меѓу себе, има уште многу работа, дали има предрасуди, се разбира дека има. Оваа земја наскоро ќе биде дел од ЕУ и верувам дека оваа земја има капацитет да ги придвижи работите напред. Денес сме со нова агенда, многумина имаа дилеми, но ние излеговме со оваа платформа. Значи, оваа платформа е живот, таа е за свеж воздух. На Алија Јаоски како кандидат за градоначалник, ние ќе му стоиме блиску и мора да го поддржиме и да излеземе со бел образ, нагласи Али Ахмети. Кандидатот за општина Пласница,Алија Јаоски побара поддршка од жителите за да продолжи понатаму со реализација на проектите што се во изборната програма за општина Пласница. Тој кажа дека главниот мотив да се кандидира за функцијата на чело на општината се токму младите и Зелената агенда. -Јас како кандидат за следен градоначалник, овие девет месеци сте сведоци на она што го направив, затоа ја барам вашата поддршка на овие локални избори за број 3 и нашите советници. Од сите проекти што ги испративме до различни министерства, сите се одобрени и имплементирани. Заблагодарувајќи им се на пратениците и министрите за регионалниот пат кој се гради и е во завршна фаза што ќе им служи на сите граѓани. Би сакал да нагласам една многу важна работа, благодарение на првиот вицепремиер Груби, вработените врз основа на Охридскиот Договор се распределени на работни места во Кичево и Македонски Брод. Ви ветувам на сите дека ќе работиме уште понапорно за вработување на младите луѓе во различни институции, вклучително и на раководни позиции, и имам порака дека младите треба да продолжат со високото образование, кажа Алија Јаоски во својот говор пред жителите на Долнени. Демократската Унија за Интеграција учествува на овие локални избори со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници. ДУИ кампањата ќе ја продолжи утре во општините Бутел и Шуто Оризари, каде ќе ги презентира Платформите за овие општини, односно Листите за советници. аа/

Остани поврзан