• петок, 22 ноември 2024

Алијев: Преговори со Ерменија по завршување на судирот

Алијев: Преговори со Ерменија по завршување на судирот
Баку, 7 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев денеска изјави дека Баку треба да се врати на преговорите со Ереван откако ќе заврши акутната фаза на воениот судир во Нагорно-Карабах. Тој во интервју за руската државна телевизија истакна дека Турција има право да посредува во преговорите. Додека претседателот на Ерменија, Никол Пашињан за „Тајм“ изјави дека Ереван ќе се согласи на примирје сано доколку Турција престане да се меша и ако се повлечат нејзините платеници. ми/  

Остани поврзан