Скопје, 1 август 2021 Владата потпиша договор за закуп на 45 луксузни автомобили, за што ќе плати околу 40 илјади евра или вкупно околу 2 милиони евра за само 36 месеци.
Ова е една од најсериозните злоупотреби на парите на граѓаните, во време кога економијата е пред колапс, бизнисите во земјата се пред банкрот, додека граѓаните секојдневно ја напуштаат земјата поради сиромаштија и економска криза .
Овој скандал уште еднаш го извади на виделина вистинското лице на Владата на СДСМ-ДУИ. Да потсетиме, пред неколку дена,  зелениит министер, Бујар Османи, промовираше тротинети  со електричен погон за администраторите, исмејувајќи ги, додека неговиот шеф Зоран Заеви ги обвини дека администраторите се коруптирани и дека министрите се чисти.
Алијанса за Албанците и Алтернaтива ценат дека неодамнешната одлука на Владата потврди дека Зоран Заев и Али Ахмети веќе го надмимале Никола Груевски, како за набавка на луксузни автомобили, така и за потценување и злоупотреба на администрацијата. Ве уверуваме дека правдата наскоро ќе дојде за сите во оваа држава. Оние кои злоупотребуваат ќе одговараат и за последниот денар што го украле од џебот на народот. Алијанса за Албанците
_____________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.