• недела, 22 декември 2024

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Скопје, 15 ноември 2024


Директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди и самиот денеска призна дека свесно го загрозува здравјето и животот на децата во оваа клиника. Сакајќи да се оправдува за условите во клиниката, тој призна дека и по 5 месеци од неговото доаѓање на чело на оваа клиника, децата продолжуваат да се хранат со садови и опрема стари 20 години и претставуваат ризик по здравјето. Го прашуваме директорот Мемеди колку треба да чека и да го ризикува здравјето на децата за да купи комплет прибор за заштита на здравјето на децата, кој чини помалку од ручекот на неговите газди. По оваа изјава и по многуте скандали кои кулминираа со смрт на бебиња, го повикуваме Мемеди веднаш да си поднесе оставка, бидејќи на една ваква чувствителна клиника не и треба директор кој се оправдува и не работи, туку директор кој ќе ги решава проблемите и ќе создаде услови за децата.

За обидот да се обвинат минатите раководства, директорот Мемеди го потсетуваме дека тројца од последните министри за здравство се неговите сопартијци Беким Сали, Арбен Таравари и Фатмир Меџити. Тројцата кои ја оставија клиниката во таква состојба продолжуваат да бидат пратеник, министер и близок советник на министерот за здравство.


Алијанса за Албанците 

________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан