• среда, 15 април 2026

Алиу: За месец дена ќе излеземе во јавноста со нов пристап кон специјализациите и курикулумот во нашиот здравствен систем

Алиу: За месец дена ќе излеземе во јавноста со нов пристап кон специјализациите и курикулумот во нашиот здравствен систем

Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Процесот на реорганизација на специјализациите според стручњаците ќе придонесе за две работи и тоа прво ќе има општа специјализација, четири или пет години зависи од работната група како ќе одлучи, ќе имаме кадар кој ќе работи во секундарното здравство и ќе може да нуди услуги и второ субспецијализациите ќе бидат реорганизирани според потребите на терциерното здравство, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Тренд во светот, посочи тој, е организирање на здравствениот систем врз основа на барања и инфраструктура.

- За жал кај нас во тој период најверојатно е направен „копи пејст“ од ЕУ директивите за специјализации, а нормално после 15 години да се ревидираат уште еднаш и во моментов тоа го правиме и за месец дена ќе излеземе во јавноста со нов пристап кон специјализациите и курикулумот во нашиот здравствен систем, додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за неврологија и нејзината амбуланта каде на граѓаните денеска им се врши бесплатен доплер на каротидни артерии во рамки на отворениот ден на Клиниката, а по повод 29 октомври, Светски ден на мозочниот удар. рп/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан