• понеделник, 23 декември 2024

Алили: Голема заинтересираност за вакцинација во Дебар, денеска добивме нова пратка од 500 вакцини

Алили: Голема заинтересираност за вакцинација во Дебар, денеска добивме нова пратка од 500 вакцини
Дебар, 12 јули 2021 (МИА) - Голема заинтересираност владее за имунизација против Ковид-19 меѓу жителите во општините Дебар и Центар Жупа, кои претходно не закажале термин, потврди за МИА, Баки Алили, директор на дебарската општа болница со проширена дејност. - Во модуларната болница, која се наоѓа во кругот на нашата болница, каде се врши вакцинација, уште од утринските часови почнаа да доаѓаат за вакцина лица кои претходно не биле пријавени на апликацијата vakcinacija.mk, односно се без закажан термин. Имаме доволно количини зашто денеска добивме уште 500 дози. Паралелно со вакцинацијата со Синовак, се одвива ревакцинација со Астра Зенека, а станува збор за 80 лица, вели Алили. Додава дека денеска започнала теренската вакцинација и тоа во населените места, Новак, Долгаш, Праленик, Коџаџик Елевци и Брештани, во областа Горна Жупа, а утре продолжува во најголемото дебарско село Могорче. - Наша цел е да се обезбедиме што поголема опфатеност со ванцинацијата, зашто тоа е единствениот начин да се заштитиме од невидливиот непрјател. Апелирам до сите оние кои се уште се двоумат да дојдат и да се вакцинираат, посочува Алили. Во двете општини досега, во болницата во Дебар и вакциналните пунктови во Скопје и Охрид имунизрани се околу 4.000 граѓани од двете општини. вт/цр

Остани поврзан