• недела, 22 декември 2024

Алжир најави дека на 7 септември ќе одржи предвремени претседателски избори

Алжир најави дека на 7 септември ќе одржи предвремени претседателски избори

Алжир, 22 март 2024 (МИА) - Алжир денеска соопшти дека ќе одржи предвремени претседателски избори на 7 септември годинава.

„Донесена е одлука да се организираат предвремени претседателски избори на 7 септември 2024 година“, објави алжирското претседателство во соопштението објавено по состанокот со кој претседаваше претседателот Абделмаџид Тебун. На средбата учествуваа и премиерот, претседателите на двата дома, началникот на Генералштабот на вооружените сили и претседателот на Уставниот суд.

Последните претседателски избори во Алжир, на кои победи Тебун со 58 отсто од гласовите, се одржаа на 12 декември 2019 година.

Претседателскиот мандат на Тебун истекува во декември. Не е објавено зошто се спроведуваат избори порано од очекуваното. ссм/

фото: архива

Остани поврзан