• недела, 22 декември 2024

Алжирскиот претседател го распушти парламентот и распиша предвремени избори

Алжирскиот претседател го распушти парламентот и распиша предвремени избори
Алжир, 18 февруари 2021 (МИА) - Алжирскиот претседател Абдемаџид Тебун одлучи да го распушти парламентот и да распише предвремени парламентарни избори, соопшти вечерва во телевизиско обраќање до нацијата. -Одлучив да го распуштам Националното собрание и да ги свикам изборите, рече Тебун и додаде дека сака да им ја отвори вратата на младите. Тој се уште не го одреди датумот на новите избори. Алжирскиот претседател најави и реконструкција на владата во рок од најмногу 48 часа. Претседателот издаде декрети за помилување на десетина затвореници од протестното движење „Хирак“, формирано во февруари 2019 година. Ова движење за демократија успеа пред две години од власта да го отстрани претходникот на Тебун, Абделазиз Бутефлика. Тебун додаде дека решил да даде претседателско помилување за околу 30 осудени лица и на други кои се уште не се осудени, наведувајќи дека меѓу 55 и 60 лица ќе можат да се вратат во своите семејства. сд/

Остани поврзан