• петок, 22 ноември 2024

Алексовска најдобар стрелец на турнирот во Тбилиси

Алексовска најдобар стрелец на турнирот во Тбилиси
Скопје, 16 август 2021 (МИА) - Кадетската кошаркарска македонска репрезентативка, Михаела Алексовска, со 25,8 поени по натпревар, беше најдобар стрелец на турнирот во Грузија. Воедно, таа е втора на сите ФИБА Челинџери кои се одржаа во овој период. Пред неа е само Катерина Ковал од Украина со просек од 26 поени по натпревар. Алексовска, која е кошаркарка на Крива Паланка, заврши и на шестото место на листата на кошаркарки со најдобар индекс, со 20,3 по натпревар. Високо во оваа конкуренција, на 11. позиција, се најде уште една македонска репрезентативка – Марија Николов. Оваа наша кошаркарка, од друга страна е прв „крадец“, а четири од петте во ова категорија на најдобри се Македонки. Сето ова се должи на одличната игра во одбрана бидејќи Македонија имаше вкупно 139 освоени топки или по безмалку 35 на натпревар. Со тоа беше убедливо на првото место во оваа статистичка категорија, сметајќи ги сите „Челенџери“ што се одржуваа во овој период, со 44 повеќе од второпласираната Шпанија. Македонките доминираат во индивидуалната статистика во оваа категорија. Убедливо на првото место е токму  Николов со просек од 7,8 украдени топки на натпревар. Михаела Алексовска е втора со 6,8, Ана Милованова е на делба на третата позиција со 5,5, а Божица Стоевска четврта со 5,3. зс/

Остани поврзан