• недела, 22 декември 2024

Александар-Арнолд им се извини на навивачите на Ливерпул за катастрофалниот пораз од Брајтон

Александар-Арнолд им се извини на навивачите на Ливерпул за катастрофалниот пораз од Брајтон

Ливерпул, 15 јануари 2023 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд им се извини на навивачите на тимот за катастрофалниот пораз од Брајтон.

„Црвените“ вчера на гостински терен беа поразени со 3:0 во натпреварот од 20. коло на Премиер лигата.

- Им се извинуваме на нашите навивачи за нашето лошо издание и високиот пораз. Ливерпул е голем клуб, ние мора да бидеме подобри, и ќе бидеме, изјави Александар-Арнолд.

Ливерпул го претрпе вториот последователен пораз во Премиер лигата и се наоѓа на деветтото место на првенствената табела со 28 бодови од 18 натпревари. зс/

Остани поврзан