Албанците сè помалку стапуваат во брак, а сè повеќе се разведуваат
- Во 2024 година еден од три брака завршил со развод, а индикаторот достигнал 29,8 разводи на 1.000 брака, што е највисок рекорд досега забележан во Албанија.
Тирана, 2 февруари 2026 (МИА) - Институцијата брак во Албанија бргу го губи значењето, а разводите поставуваат историски рекорди.
Според најновите податоци од државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, и Генералниот директорат за граѓански статус, во 2024 година се регистрирани само 16.120 брака, најниско ниво досега, речиси половина во споредба со почетокот на 90-тите години.
Падот е континуиран од 2004 година и значително се забрза по 2019 година одразувајќи длабоки демографски промени, емиграција на младите и растечката неподготвеност за формализирање на бракот. Спротивно на тоа, разводите следеа незапирлива нагорна траекторија.
- Во 2024 година еден од три брака завршил со развод, а индикаторот достигнал 29,8 разводи на 1.000 брака, што е највисок рекорд досега забележан во Албанија. Ова ниво е неколкупати повисоко од она од 90-тите години кога разводот се сметаше за редок и социјално стигматизиран феномен - објавија медиумите.
Социолозите и експертите за семејство ова го сметаа за знак на длабока социјална трансформација.
- Брзата урбанизација, економскиот притисок, емиграцијата и сè посилната ориентација кон индивидуалната благосостојба го променија начинот на кој Албанците го сфаќаат животот како двојка - оценуваат тие.
Во меѓувреме, зголемувањето на разводите го зголемува товарот врз судовите и социјалните служби, особено по прашањата за старателство над децата и поделбата на имотот создавајќи нови предизвици за семејните институции и политики. вт/јт/
Фото: архива