• недела, 22 декември 2024

Албанската фудбалска федерација жали за однесувањето на Даку

Албанската фудбалска федерација жали за однесувањето на Даку

Тирана, 22 јуни 2024 (МИА) - Албанската фудбалска федерација жали за однесувањето на репрезентативниот напаѓач Мирлинд Даку на Евро 2024 година.

По ремито со Хрватска (2:2) во второто коло од групната фаза на турнирот, Даку преку мегафон од навивачите на Албанија упати псовки до Македонците и до Србите.

- Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот играч Мирлинд Даку, кој се случи по натпреварот на ЕП 2024 меѓу Албанија и Хрватска. Разбираме дека во жарот на спортските натпреварувања емоциите растат, постапките на Мирлинд беа жална реакција на една исклучително напната ситуација. Мирлинд Даку веќе изрази длабоко каење за своите постапки и упати јавно извинување. Тој ги разбира последиците од неговото однесување и ја презеде целосната одговорност. Овој инцидент не го одразува неговиот карактер или вредностите до кои ние како федерација се придржуваме, стои во соопштението на Албанската фудбалска федерација.

Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека Даку ќе биде суспендиран на неколку натпревари по инцидентот. 

И клубот за кој настапува Даку, Рубин од Казан излезе со соопштение во кое вели дека ќе примени санкции за фудбалерот. зс/

Фото: „FSHF“

Остани поврзан