• недела, 22 декември 2024

Албанија го одложи пописот на населението планиран за октомври

Албанија го одложи пописот на населението планиран за октомври
Тирана,  август 2022 (МИА) - Албанија за идната година го  одложи пописот на населението и становите планиран за октомври годинава,  соопшти доцна попладнево Институтот за статистика - ИНСТАТ, јави дописничката на МИА од Тирана.
- Во услови на необезбедување алатки потребни за собирање информации на терен, невозможно е да се спроведе оваа активност. Институтот за статистика останува посветен на својата цел да го спроведе пописот на населението и становите во согласност со стандардите и препораките на Обединетите нации и Статистичката канцеларија на Европската унија (Евростат), се наведува во соопштението, што го пренесе вечерва Топ чанел.
Ова е вторпат како се одложува спроведувањето на оваа статистичка операција. Првиот пат одложувањето беше поради ситуацијата создадена од пандемијата со Ковид-19.
- Потоа, ИНСТАТ одлучи на 1 октомври годинава официјално да започне пописот на населението, за што почна спроведување на потребните подготвителни активности, наведува телевизијата.
Во годишната програма на ИНСТАТ се наведува дека овој попис се очекува да трае шест недели и оти сите активности за успешен попис ќе завршат навреме. вт/паг/

Остани поврзан