• понеделник, 23 декември 2024

Албанија во првите два месеца ја посетиле 74 отсто повеќе странски туристи споредено со истиот период лани

Албанија во првите два месеца ја посетиле 74 отсто повеќе странски туристи споредено со истиот период лани

Тирана, 20 март 2023 (МИА) - Продолжува позитивниот тренд на странски туристи кои избрале да ја посетат Албанија, што го потврдува бројката од над 686 илјади, колку што ја посетиле во првите два месеца од годинава, што пак е 74 отсто повеќе споредено со истиот  двомесечен период минатата година.Премиерот Еди Рама денеска на социјалните мрежи ги сподели најновите податоци за бројот на странски посетители кои ја посетиле Албанија во првите два месеца од 2023 година.„Само во февруари бројот на странски посетители е зголемен за 54 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Во февруари нашата земја ја посетиле 309.325 странски туристи или околу 100.000 повеќе отколку во февруари 2022 година кога ја посетиле 200.997 странски туристи. Во јануари нашата земја за посета ја избрале 377.211 странски туристи“, објави Рама на Фејсбук.Тој додаде дека Албанија во периодот јануари-февруари 2022 година ја посетиле 395.234 странски туристи, а во периодот јануари-февруари 2023 година ја посетиле 686.536 странски туристи, што е раст од 74 отсто и добар показател за богата туристичка жетва.Потсетува дека минатата година, која се смета за рекордна година по бројот на странски туристи престојувале 7.543.817, што е зголемување за 32,6 отсто во однос на претходната година.

Нивниот број е поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година, која досега го држеше рекордот по посетеност. вт/сд/

Остани поврзан