• сабота, 06 јули 2024

Алаба ќе ги пропушти октомвриските натпревари на австриската репрезентација

Алаба ќе ги пропушти октомвриските натпревари на австриската репрезентација

Мадрид, 9 октомври 2023 (МИА) - Давид Алаба ќе ги пропушти натпреварите на австриската репрезентација во октомври.

Да потсетиме, дефанзивецот на Реал Мадрид се повреди на натпреварот од Ла Лига со Лас Палмас на 27 септември.

Според прес-службата на австриската репрезентација, Алаба го повредил аддукторниот мускул. Дефанзивецот ќе ги пропушти квалификациските натпревари за Европското првенство 2024 против Белгија и Азербејџан. 

Исто така, дефанзивецот на Болоња, Стефан Пош ќе ги пропушти претстојните натпревари на австриската репрезентација.

Селекторот на Австрија, Ралф Рангник дополнително го повика во националниот тим фудбалерот на Фрајбург, Жуниор Адама. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан