• вторник, 11 март 2025

Акција на Општина Битола за отстранување на кабаст и градежен отпад

Акција на Општина Битола за отстранување на кабаст и градежен отпад

Битола, 11 март 2025 (МИА) - Општина Битола во периодот од 15 до 20 март ќе го реализира вториот дел од акцијата „Заедно средуваме - заедно уредуваме“ во која низ градот ќе се врши отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина.

Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање,  организираше одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут во минатиот месец, ќе продолжи во периодот од 15 до 20 март, а акција ќе организира и во месец април, соопштија од тамошната локална самоуправа.

За време на акцијата, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7 до 15 часот и притоа кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП Комуналец, а  градежниот шут ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на КЈП Нискоградба.

Со оваа акција, општината го реализира Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за справување со отпадот и обезбедување на услови за одложување и собирање на кабаст отпад и градежен шут, посочија од секторот за односи со јавност на Општина Битола. мт/сст/

Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан