• петок, 05 декември 2025

Акција на МВР во координација со ОЈО ГОКК за сторени кривични дела на штета на Фондот за здравство

Акција на МВР во координација со ОЈО ГОКК за сторени кривични дела на штета на Фондот за здравство

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК спроведува акција на повеќе локации низ државата поради основано сомнение за сторени кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство.

-Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување, информираат од МВР.

Дел од медиумите објавија неофицијални информации дека се работи за долгогодишно незаконско работење со прикажување на лажни дијагнози со кои се овозможувало аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии. ев/ац/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан