• петок, 12 јули 2024

Акција за уредување на паркинг-просторот на зона Д-4

Акција за уредување на паркинг-просторот на зона Д-4
Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ денеска спроведе акција за уредување на паркинг просторот на зона Д-4 со кој стопанисува претпријатието. - Екипи од двете претпријатија излегоа на терен, кадешто беа искастрени и расчистени дотрајаните и суви гранки, со што на корисниците им се овозможи побезбеден паркинг простор. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, продолжува со спроведување на акции за редовно одржување на сите паркинг простори со кои стопанисува, соопштија од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Оттаму најавуваат дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина во соработка со другите јавни претпријатија.фф/дма/

Остани поврзан