• понеделник, 13 мај 2024

Михаиловски од СДММ: Целта на пошумувањето е да се да се подигне свеста за ваквите еколошки акции

Михаиловски од СДММ: Целта на пошумувањето е да се да се подигне свеста за ваквите еколошки акции

Делчево, 16 декември 2023 (МИА) - Во организација на Социјал демократската младина и СДСМ на подрачјето во делчевското село Нов Истевник денеска се засадуваа садници во рамки на акцијата „Повеќе Зелено".

Акцијата како што истакна Марко Михаиловски, претседател на СДММ ќе биде спроведена во соработка со општествено одоговорни функционери од повеќе институции.

-Се засадуваат 10.000 садници ширум државата, се работи за еколошка акција на СДСМ како општествено одговорна партија на пет локации. Вклучени се општествено одговорни функционери, млади и активисти кои засадуваат и се приклучуваат на акциите на Министерствата и институции кои спроведуваат акција за засадување и зазеленување на државата, рече Михаиловски.

Денешната акција како што додаде се спроведува на пет локации во државата.

-Обезбедени се значи 10.000 садници на пет локации кои се испланирани заедно со Јавното претпријатие Национални Шуми на опожарени места и места каде имаат проценето. Апелирам да се подигне свеста за ваквите еколошки акции, додаде Михаиловски.

Учесници во акцијата беа министрите Благој Бочварски и Љупчо Николовски како и градоначалникот на Општината Горан Трајковски, претседателот на ОО на СДСМ, Влатко Величковски, пратеничката Соња Михаиловска, претставници на СДММ од Делчево и други.

Инаку, денеска успешно беше реализирана акцијата на СДСМ за пошумување и во Кумановско.

Под мотото „Повеќе зелено“ партиски функционери, меѓу кои и Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ, Оливер Спасовски, Костадин Ацевски, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска, Санела Шкриељ, Лидија Тасевска, Маја Манолева, Александар Бајдевски, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 3.000 садници на потегот кај населеното место Старо Нагоричане, Кумановско.

Во акцијата за пошумување што се спроведе во Ресенско учествуваа партиски функционери, меѓу кои и Миле Зечевиќ Вардарски, Ивона Кузмановиќ, Менде Диневски, Наумче Мојсоски, Томе Христоски, Борче Петковски, Весна Томовска, Бети Рабаџиева, Методија Илиевски, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 2.000 садници на потегот кај населеното место Штрбово, Ресенско. вс/вг/

Фото: МИА/СДСМ

Остани поврзан