• четврток, 26 декември 2024

Акција за пошумување кај Гевгелија, засадени над 5.000 дрвца багрем и чемпрес

Акција за пошумување кај Гевгелија, засадени над 5.000 дрвца багрем и чемпрес

Гевгелија, 25 номеври 2024 (МИА) - Со акција за пошумување насловена „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“, во близина на месноста Топлик кај Гевгелија, засадени се над 5.000 дрвца багрем и чемпрес, информираа денеска од Општина Гевгелија преку нивната официјална страница.

Акцијата ја организираше Општина Гевгелија во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, Шумско стопанство „Кожуф“ и ОО на Црвен Крст од Гевгелија и со голем број волонтери,претставници на Советот на Општина Гевгелија, државните и локалните институции и граѓанскиот сектор.

На акцијата, покрај градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, учествувала и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашковска.

- Гевгеличани масовно и сплотени покажаа дека градот се сака со конкретни дела. Заштитата на животната средина е важен сегмент за здрава средина. Ова е поттик за сите нас ваквата иницијатива да прерасне во традиција и да се случува често, стои во изјавата на Сарамандов.

Во информацијата од Општината се додава дека акцијата треба да прерасне во традиција и има за цел да го надомести недостигот и намалувањето на шумската маса заради преголемата суша и предизвиканите пожари на подрачјето на општина Гевгелија, но и да ја подигне јавната свет за важноста на зелените површини и нивната улога во животната средина. рт/цр

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан