• петок, 22 ноември 2024

Акција за подигнување хаварисани возила во Битола

Акција за подигнување хаварисани возила во Битола

Битола, 20 септември 2022 (МИА) = Локалното јавно претпријатие ЈП „Паркинзи“ - Битола во соработка со локалната самоуправа ја динамизира акцијата за дислоцирање хаварисани возила од јавни површини во градот.

Од ЈП „Паркинзи“ информираат дека најголем дел од возилата граѓаните самостојно ги отстрануваат по доставувањето на прва опомена, а по завршување на роковите, возилата се дислоцираат со „Пајак“ службата на претпријатието.

ЈП „Паркинзи“ апелира до граѓаните кои ќе затекнат хаварисани возила на јавни површини да пријават на телефонски број 047/222-999 со цел дислоцирање на возилата.мт/

Остани поврзан