Акција за обележување пешачки премини во општина Гази Баба
- Општина Гази Баба почна со активности за обележување на пешачките премини на локалните улици со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на сообраќајната сигнализација во урбаните заедници.
Скопје, 15 август 2025 (МИА) - Општина Гази Баба почна со активности за обележување на пешачките премини на локалните улици со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на сообраќајната сигнализација во урбаните заедници.
Активностите денеска продолжуваат во населба Автокоманда, а во текот на следните денови ќе се реализираат и во останатите урбани заедници низ општината.
Екипите на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ вчера извршиле обележување на пешачките патеки во населбата Железара, како дел од поширока акција за системско одржување и обнова на хоризонталната сигнализација. На терен заедно со екипите до доцна во ноќта биле градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски и директорот на ЈКП „Гази Баба“, кои го следеле спроведувањето на акцијата.

Активностите денеска продолжуваат во населба Автокоманда, а во текот на следните денови ќе се реализираат и во останатите урбани заедници низ општината.
- Пешачките премини имаат суштинско значење во сообраќајната безбедност, особено во урбаните средини каде е зголемен интензитетот на сообраќај. Тие претставуваат клучен елемент во заштитата на пешаците, особено на децата, повозрасните лица и лицата со попреченост. Обновената и јасно видлива сигнализација значително придонесува за зголемена безбедност и поефикасно функционирање на сообраќајниот систем. Општина Гази Баба продолжува со континуирана грижа за локалната инфраструктура, безбедноста на граѓаните и создавање урбана средина која одговара на потребите на сите жители, стои во соопштението. мд/вј/
Фото: Општина Гази Баба