• недела, 22 декември 2024

Акција за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош

Акција за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош

Скопје, 17 декември 2024  (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска ќе учествува во акцијата за засадување дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош.

На настанот, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, кој е дел од акцијата за урбано зазеленување во Скопје, со донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“, присутни ќе бидат амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, претставничката на УНОПС во Северна Македонија, Микела Телатин и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. дма/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан