Акциска контрола во угостителски објекти, едно лице приведено
- Во текот на изминатата вечер во периодот од 0:00 до 4:00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, ноќни клубови и дискотеки на територијата на цела држава.

Скопје, 13 мај 2023 (МИА) - Во текот на изминатата вечер во периодот од 0:00 до 4:00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, ноќни клубови и дискотеки на територијата на цела држава.
При контролата, како што информира МВР, приведен е Ш.И.(27), бидејќи при преглед кај него бил пронајден кокаин.вј/
Фото: МИА архива