• четврток, 21 ноември 2024

Актуелниот член на ДИК Бобан Стојановски, избран за заменик генерален секретар на Собранието

Актуелниот член на ДИК Бобан Стојановски, избран за заменик генерален секретар на Собранието

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Бобан Стојановски, член на Државната изборна комисија денеска беше избран за заменик генерален секретар на Собранието. Поранешните министри за финансии, за економија и за правда Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Кренар Лога ќе добијат апанажа по завршување на функциите во следните 12 месеци.

Изгласани беа и барањата за закупнина на стан на пратениците Даниела Христова, Грација Бакрачевска, Јован Јаулески и Јованка Тренчевска.

Комисијата денеска не го формираше Комитетот за односи меѓу заедниците поради тоа што ниту една пратеничка група не доставила предлози до претседателот на ова собраниско тело.  

Ристана Лалчевска, ќе прима плата уште шест месеци до остварување на право на пензија, како поранешен член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршошната постапка. 

Поранешната генерална секретарка на Собранието Цветанка Иванова ќе го оствари правото на отпремнина при заминување во пензија.

На седницата во дебата влегоа Илире Даути и Халил Снопче од Алијанса на Албанците во врска со Комитетот за односи меѓу заедниците. Дауит бараше точката да биде ставена прва на дневен ред, а пратениците реагираа оти рокот за доставување предлози бил кус. ев/вг/

Фото: МИА Архива 

 

Остани поврзан