• четврток, 26 декември 2024

Актуелниот претседател на „Алтернатива“ Африм Гаши доби нов четиригодишен мандат

Актуелниот претседател на „Алтернатива“ Африм Гаши доби нов четиригодишен мандат
Скопје, 15 мај 2022 (МИА) - Актуелниот претседател на „Алтернатива“ Африм Гаши на денешниот конгрес на партијата доби нов четиригодишен мандат. - Ова е голема чест и одговорност. Им благодарам на сите членови на Алтернатива. Истовремено, сакам ова да биде успешен мандат, не само за активистите и гласачите на Алтернатива, туку и за сите граѓани. Мислам дека „Алтернатива“ станува еден од најсериозните политички субјекти со намера да придонесе во севкупните политички процеси во државата, изјави Гаши по конгресот. „Алтернатива“ денеска го одржа првиот конгрес на кој присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, претставници на политички партии од земјава и од Албанија и Косово и претставници од дипломатскиот кор. фф/бак/

Остани поврзан