• сабота, 18 мај 2024

Академија Пандев се засили со аргентински фудбалер

Академија Пандев се засили со аргентински фудбалер
Струмица, 30 август 2022 (МИА) – Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев се засили за продолжение на сезоната со аргентинскиот фудбалер Федерико Акоста. Новото јужноамериканско засилување на струмичкиот прволигаш е 26-годишен централен дефанзивец, кој претходно во кариерата настапувал за италијански нисколигаши. Акоста доаѓа во редовите на Академија Пандев од редовите на Бавено. По воведните четири кола во новата сезоната во Првата македонска фудбалска лига фудбалерите на Академија Пандев се шестопласирани со четири бодови. ег/дма/

Остани поврзан