• среда, 03 јули 2024

Азир Алиу – министер за информатичко општество и администрација

Азир Алиу – министер за информатичко општество и администрација

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) -  Азир Алиу е новиот министер за информатичко општество и администрација. Тој е роден во Гостивар во 1976 година. Дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,  каде се стекнува со магистратура,  по што и со докторат по информатички науки на Природно-математичкиот факултет при УКИМ. Зборува македонски, албански и англиски јазик.

Работел како професор во гимназијата „Панче Поповски“ во Гостивар, од каде ја продолжува кариерата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде бил асистент, продекан за наука, вонреден професор, потпретседател на Управен одбор, а од 2020 година е редовен професор.

Во неговата биографија се наведени и ангажмани како проектен менаџер, научно истражувачка работа и објава на научни трудови и книги. лв/дма/

фото Фејсбук

Остани поврзан