• вторник, 19 ноември 2024

Азербејџан и предаде 15 воени заробеници на Ерменија

Азербејџан и предаде 15 воени заробеници на Ерменија
Баку, 12 јуни 2021 (МИА) - Една недела пред предвремените парламентарни избори во Ерменија, Азербејџан денеска на соседната земја и предаде 15 воени заробеници, согласно мировниот договор со кој заврши конфликтот кон крајот на 2020 година. Азербејџанското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека воените заробеници беа предадени на заедничката граница со посредство на претставници од Грузија. Ерменија за возврат предаде „мапа со 97.000 противтенковски и противпешадиски мини поставени во областа Агдам“, соопшти Министерството. Агдам е една од териториите што Ерменија мораше да му ги предаде на Баку според мировниот договор постигнат со посредство на Русија. Досега имаше неколку размени на воени заробеници, но Ерменија постојано го обвинуваше Азербејџан дека не го исполни договорот за предавање на сите воени заробеници, иако помина повеќе од половина година од судирот на двете земји околу Нагорно- Карабах. Од 27 септември до 9 ноември 2020 година, во конфликтот за енклавата Нагорно Карабах, во која претежно живееја православни Ерменци, Азербејџан успеа да заземе големи делови од територијата што ј во есента 2020 година а изгуби во претходните конфликти во раните 1990-тите. Во шестнеделниот конфликт во есента 2020 година загинаа повеќе од 6.000 лица, што предизвика сериозна политичка криза во Ерменија и предвремени парламентарни избори. Многу Ерменци за поразот го обвинуваат премиерот Никол Пашинијан, чија оставка беше побарана со масовни протести. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан