• понеделник, 23 декември 2024

Азербејџан: За две години во Карабах исчистени околу 60.000 хектари од мини

Азербејџан: За две години во Карабах исчистени околу 60.000 хектари од мини
...., 17 ноември 2022 (МИА) - Азербејџан денеска објави дека околу 60.000 хектари во регионот на Карабах се исчистени од мини и неексплодирани убојни средства откако беше прогласен прекин на огнот во ноември 2020 година, јави Анадолија. „Од 10 ноември 2020 година, на ослободената територија на Азербејџан се исчистени 59.055 хектари земја, неутрализирани се 76.810 мини и неексплодирани убојни средства“, рече Вугар Сулејманов, претседател на Азербејџанската агенција за мини (АНАМА). Тој додаде дека станува збор за 13.211 противтенковски, 26.899 противпешадиски мини и 36.700 неексплодирани убојни средства. „За жал, од Втората карабашка војна, вкупно 268 луѓе настрадаа од нагазни мини, а 44 загинаа“, рече Сулејманов. АНАМА на почетокот на месецот објави дека во текот на октомври биле неутрализирани 2.301 неексплодирана експлозија од страна на Ерменија во ослободените области на Карабах. Односите меѓу поранешните советски републики Ерменија и Азербејџан се затегнати од 1991 година, кога ерменската армија го окупираше Нагорно-Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, како и седум соседни региони. Последните судири се случија во септември 2020 година, кога Азербејџан ослободи неколку градови и околу 300 населби и села кои беа окупирани од Ерменија речиси три децении. Договорот постигнат со посредство на Русија стави крај на 44-дневниот интензивен конфликт во ноември 2020 година. паг/    

Остани поврзан