• вторник, 26 ноември 2024

Азербејџански воен хеликпер се урна во Иран откако беше погоден од силите на Нагорно Карабах

Азербејџански воен хеликпер се урна во Иран откако беше погоден од силите на Нагорно Карабах
Ереван, 1 октомври 2020 (МИА) - Противвоздушните сили на самопрогласената република Нагорно Карабах погодија хеликоптер на азербејџанската воена авијација што летал во должина на линијата на конфронтација. Авионот подоцна се урна на територијата на соседен Иран, соопшти денеска претставничката на ерменското Министерство за одбрана Шушана Степанијан. Министерството за одбрана на самопрогласената република Нагорно Карабах соопшти дека овој инцидент на соборување на авионот на територијата на Иран не бил намерен. „За жал, ваквите инциденти се неизбежни, бидејќи борбите се одвиваат недалеку од иранска територија“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. паг/  

Остани поврзан