• понеделник, 23 декември 2024

Аеродром, Карпош и Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид - 19

Аеродром, Карпош и Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид - 19
Скопје, 31 октомври 2020 (МИА) - Од регистрирани  1085 нови случаи на Ковид-19 при направени 3294 тестирања во изминатите 24 часа, најмногу или речиси половина се во Скопје 447.
Според информациите објвени од Министерството за здравство, по бројот на активни случаи по општини најмногу има во Аеродром 788, Карпош со 682 и Гази Баба – 671. Следат Центар – 592, Кисела Вода – 588 и Ѓорче Петров со 388. Над сто активни случаи има и во општините Чаир – 233, Бутел – 227 и Илинден – 101
Во Шуто Оризари се 48, Студеничани – 20,  Сарај – 35, Арачиново -9, Сопиште – 40, Чучер Сандево – 24, Петровец –30 и Зелениково -16
Во Скопје досега се регистрирани 13621 случаи на Ковид-19, а активни во моментов се 4584.
ИЈЗ во изминатото деноноќие регистрира 12 починати лица, од кои тројца пациенти од Скопје. Меѓу починатите најмладиот е на 27 - годишна возраст од Куманово, а највозрасниот е од Тетово (87) Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847.вг/

Остани поврзан