• недела, 22 декември 2024

Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани

Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани

Тирана, 14 декември 2024 (МИА) - Се поголем број македонски државјани ги користат услугите на меѓународниот аеродром во Тирана, од каде моментно може да се патува на 129 директни дестинации. 

Тоа го потврдува и бројката од над 100 илјади македонски државјани кои пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.

-Овој аеродром претставува единствениот меѓународен аеродром во регионот, со широка покриеност и многу пристапни цени. Него се повеќе го користат и граѓани од Црна Гора и Косово. Во периодот јануари – ноември регистрирани се 800 илјади косовски и 200 илјади црногорски државјани, наведуваат медиумите.

Додаваат дека на 9 овој месец, слетал десет милионитиот патник за оваа година, што „до пред шест години не можеше ни да се замисли“.

-Под раководство на „Кастрати Груп“, единствениот акционер на Меѓународниот аеродром во Тирана и во соработка со Управата за цивилно воздухопловство, интензивно се работи за да се одговори на растечките барања на патниците и во исто време постојано да се зголемува опсегот на дестинации, информираат аеродромските власти.

Од таму најавуваат дека по нова година се очекува да биде воспоставена директна авионска линија Тирана-Њујорк. вт/сст/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан