• понеделник, 23 декември 2024

АЕК на јавен состанок ќе додели одобренија за 5Г

АЕК на јавен состанок ќе додели одобренија за 5Г
Скопје, 11 јули 2022 (МИА) - Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска на јавен состанок ќе додели одобренија за петтата мобилна генерација 5Г. На агендата на првиот јавен состанок на АЕК годинава покрај воведувањето на 5Г во државава, се и теми за роамингот во Западен Балкан и напорите за обезбедување поевтин роаминг со ЕУ, сајбер безбедноста како и за заштита на правата на крајните корисници на електронски комуникациски услуги. Според одлуката на АЕК претходно ја утврди најниската висина на еднократниот надомест и начинот на плаќање за добивање одобрение за користење радиофрекфенции од радиофрекфенциксите опсези  700 MHz И 3.x GHZ. Еднократниот надомест за одобренијата А2 и А3 изнесува 5,25 милиони евра, а по 2,9 милиони евра за Б2 и Б3. По 10,8 илјади евра е надоместот за одобренијата Б41, по 5,4 илијади евра за Б44 и Б45, а по 6,3 илјади евра за Б46. Писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање до АЕК доставија Неотел, А1 Македонија и Македонски Телеком. На 25 ноември лани АЕК објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, но беше прекинат по постапката на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откако беше поднесена претставка на една од заинтересираните страни, во која се тврди дека со дел од понудените услови за влез на нов мрежен оператор се нарушува конкуренцијата на пазарот. лв/дма/

Тагови

Остани поврзан