• петок, 22 ноември 2024

АД „Пошта“: Намален капацитет и брзина поради надградување на системот, нема прекини во доставата

АД „Пошта“: Намален капацитет и брзина поради надградување на системот, нема прекини во доставата
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - АД „Пошта на Северна Македонија“ соопшти дека поради одржување и надградување, а со цел подобрување на работењето, компјутерскиот систем во единиците на поштенската мрежа работел со намален капацитет и брзина, но во ниту еден момент немало прекин во доставата на поштенски пратки. - Продолжуваме посветено да работиме во интерес на нашите корисници. Ви благодариме на поддршката и разбирањето и искрено се надеваме дека во полн капацитет ќе ги користите услугите на АД „Пошта на Северна Македонија“, се наведува во соопштенијата.са/    

Остани поврзан