АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум
- АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.
Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.
Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари.
Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш зголемувањето би било минимално од еден до три проценти. бак/ев/
Фото: МИА архива