• вторник, 05 ноември 2024

АД ЕСМ и Синдикатот постигнаа договор за доброволни принудни одмори со цел заштеда на средства во енергетска криза

АД ЕСМ и Синдикатот постигнаа договор за доброволни принудни одмори со цел заштеда на средства во енергетска криза
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - АД ЕСМ, во договор и со поддршка на Синдикатот на компанијата, донесе одлука да им се овозможи на вработените доброволно да се пријавуваат за прекин на работниот процес од деловни причини, за период од најмногу два месеци, односно во период на траење на енергетската криза, со исплата на 70 отсто од месечната плата на работникот. Како што информираат од компанијата, можноста ќе важи за работниците кои се на работни места кои не се неопходно и најдиректно вклучени во производството на електрична енергија и на одлуката ќе и претходи одобрение од раководно лице. -Целта на мерката е да се намалат трошоците во услови на криза. Мерката првично беше конципирана како задолжителна, но со зголемување на обемот на обврски со кои Владата го задолжи АД ЕСМ во услови на енергетска криза, се појави потреба од прераспределба на вработените со цел извршување на новозададените деловни обврски, велат од АД ЕСМ. Нагласуваат дека АД ЕСМ во текот на кризата со електрична и со топлинска енергија го снабдуваше ЕВН Хоум со 100 отсто од електричната енергија потребна за домаќинствата и малите потрошувачи, и дополнително го прошири својот обем на работа, интегрирајќи и други енергетски субјекти во својот систем, како ТЕЦ Неготино, ТЕ-ТО, менаџирањето со БЕГ и Скопје Север и снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на ЕВН и МЕПСО.вј/лв/

Остани поврзан