• петок, 29 март 2024

Аднан Незири е нов координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците

Аднан Незири е нов координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Пратеничката група на Алијансата за Албанците денеска го избрала пратеникот Аднан Незири за координатор.

Изборот на Незири за координатор доаѓа по назначувањето на претходниот координатор Сурија Рашиди за директор во А.Д. МЕПСО.

-Незири ќе ја претставува нашата пратеничка група на координативните состаноци и сите други процеси во Собранието.  Пратеничката група на Алијансата за Албанците ќе продолжи да биде гласот на гласачите на АА и воопшто на Албанците, во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти Алијансата за Албанците преку социјалните мрежи.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан