• петок, 17 мај 2024

Адетокунбо би можел да игра во вториот натпревар од серијата против Мајами

Адетокунбо би можел да игра во вториот натпревар од серијата против Мајами

Милвоки, 17 април 2023 (МИА) - Авторитетниот инсајдер на „Атлетик“, Шамс Шаранија, изјави дека според неговите информации, најголемата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокунбо, може да учествува во вториот меч од серијата со Мајами (0:1).

 

Инсајдер известува дека Бакс не сака да ги форсира работите и решиле да игра на сигурно. Иако „не личеше на себе“, постои оптимизам дека Адетокунбо ќе игра во вториот меч од серијата. Кошаркарот денес ќе биде повторно на преглед.

 

Гркот беше повреден во непријатен пад во првата четвртина. Тој се обиде да ја продолжи играта и покрај болките, но го напушти теренот во втората четвртина. Бакс објавија дека Јанис има модринки во долниот дел на грбот.

 

Милвоки и Мајами вториот натпревар од серијата во првото коло во НБА-плејофот ќе го играат на 20 април. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан