Адетокумбо по четирите порази во низа: Нема место за паника
- Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, по поразот од Торонто ноќеска на домашен терен 113:124, четврти последователен, изјави дека нема потреба од паника.
Милвоки, 17 февруари 2021 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, по поразот од Торонто ноќеска на домашен терен 113:124, четврти последователен, изјави дека нема потреба од паника.
- Имам чувство дека сите се во паника, а нема потреба за такво нешто. Треба да продолжиме да се подобруваме, да играме добра кошарка, да гледаме видеа за да ги воочиме грешките и на крајот треба да излеземе и да се бориме. Во НБА нема лесни противници и нема лесни победи. Загубивме четири натпревари по ред, но сè уште не си одиме дома. Сè уште сме тука. Ова не е плејоф. Се разбира, ова е непријатно, ние сакаме да победиме, особено во натпревари како овој. Но, секогаш треба да гледате на светлата страна. Ова не е крај на светот, има уште многу да се игра, рече Адетокумбу за „ESPN.com“.
По 28 одиграни натпревари Милвоки има биланс од 16 победи и 12 порази и се наоѓа на 3.место во поредокот во Источната конференција. зс/