Адетокумбо: Мојот живот не е ист без кошарката (видео)
- Пред крајот на сезоната, „грчкиот фрик“, како што го нарекуваат во САД, имаше 29,6 поени (трет во лигата), 13,7 скока (трет) и 5,8 асистенции (23-ти) во просек по натпревар.
Орландо, 22 јули 2020 (МИА) - Актуелниот носител на наградата МВП (Највреден играч) во НБА лигата, Јанис Адетокумбо изјави дека се чувствувал непријатно без кошарка за време на паузата во НБА поради пандемијата од коронавирус.
- Се чувствував изгубено некое време. Мојот живот не е ист без кошарката“, рече 25-годишниот крилен играч на Милвоки Бакс.
Пред крајот на сезоната, „грчкиот фрик“, како што го нарекуваат во САД, имаше 29,6 поени (трет во лигата), 13,7 скока (трет) и 5,8 асистенции (23-ти) во просек по натпревар.
https://www.youtube.com/watch?v=G_SkRIZO0Ow&feature=emb_title