Адетокубо изби на првото место во историјата на Милвоки за дабл-дабл
- Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо го оствари својот 432-ри дабл-дабл во регуларниот дел од сезоната во НБА натпревар. Ѕвездата на Бакс ноќеска против Сан Антонио постигна 25 поени и 16 скока.

Милвоки, 9 јануари 2025 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо го оствари својот 432-ри дабл-дабл во регуларниот дел од сезоната во НБА натпревар. Ѕвездата на Бакс ноќеска против Сан Антонио постигна 25 поени и 16 скока.
Триесетгодишниот грчки спортист постави клупски рекорд во оваа статистичка категорија претекнувајќи го Карим Абдул-Џабар.
Адетокунбо исто така е на првото место по поени, скокови, асистенции, блокади и одиграни минути во историјата на Бакс.
Милвоки го победи Сан Антонио со 121:105 и со биланс 19-16 (победи-порази) се наоѓа на 5.есто во Источната конференција на НБА-лигата. зс/
Фото: ЕПА