• понеделник, 06 мај 2024

Адеми: Координаторите на пратенички групи беа запознати со Предлог-законот за амнестија

Адеми: Координаторите на пратенички групи беа запознати со Предлог-законот за амнестија

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Пратеникот и потпретседател на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми попладнево на прес-конференција рече дека како партија го поддржуваат Предлог-законот за амнестија. Со ова законско решение, како што посочи, биле запознати сите координатори на пратеничките групи. 

- Пред да се усвои во Владата, од Министерството за правда ни го споделија драфтот до сите координатори на пратеничките групи. Однапред бевме известени за содржината на Предлог-законот за амнестија. Тоа е вистината. И на средбата со сите координатори што ја одржа министерот Лога исто така не извести за интенцијата на Министерството за правда водејќи се од реалната ситуација. Ги знаеме условите во затворите и затоа мислам дека интенцијата е добра. Треба сите да се грижиме за похумани услови во овие установи така што Демократската унија за интеграција го поддржува овој Предлог-закон, рече Адеми. фф/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан