• недела, 22 декември 2024

Адвокатот на Златна зора повторно поздрави нацистички во судницата

Адвокатот на Златна зора повторно поздрави нацистички во судницата
Атина, 17 октомври 2022 (МИА) – Константинос Плеврис, адвокатот на европратеникот од Златна зора, Јоанис Лагос, повторно упати нацистички поздрав во судницата за време на денешното рочиште од процесот против Златна зора, иако во тек е истрага на грчкото Обвинителство за претходниот негов ваков поздрав пред десет дена, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис, упатувајќи го нацистичкиот поздрав, објасни дека тие веруваат во Јоанис Метаксас(поранешен грчки фашистички диктатор), кој така поздравувал. Претседателката на судот порача дека „отсега не се дозволени поздрави и аплаузи“, а во спротивно ќе бидат воведени мерки. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање за нацистичкиот поздрав истакна дека тие континуирано го осудуваат ваквото однесување, кое не смее да се толерира и изрази уверување дека судството во рамките на своите овластувања ќе ги истражи ваквите однесување и „нема да ги остави без одговор“. ср/

Остани поврзан